 Металург го понесе пехарот во македонскиот ракомет. Ова е трета титула за составот од Автокоманда, предводен од Лино Червар. Славниот тренерски маг за Дојче Веле оценува - ракометот одговара на македонскиот темперамент. „Првото што можам да го кажам е дека сме сите задоволни. Најважно е дека ја вративме титулата во Автокоманда. Освоивме двојна круна - и во првенството и во Купот, значи се‘ што можеше да се освои. Кога дојдов во Скопје, благодарение на господинот Јорданов, а немав намера да доаѓам во Македонија, на почетокот не мислев дека ќе биде така. Но, го победивме големиот конкурент Вардар, кого многу го почитувам и кој е попознат клуб, со многу подолга традиција. Во вакви околности да се биде прв, е убаво“, вели Лино Червар. |