|
Мадридски Реал е во завршна фаза во преговорите да го донесе во своите редови капитенот на Ливерпул Стивен Жерар, пишува денеска шпанскиот спортски весник „Марка“.
Весникот наведува дека председателот на Реал, Флорентино Перес веќе го избрал Жерар за ѕвезда на овогодишниот преоден рок, втор откако се врати на местото прв човек на „кралскиот“ клуб, а за ангажирање на капитенот на Ливерпул веќе добил и одобрување и од тренерот Жозе Мурињо. |