|
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер открива дека им пишал писмо на гигантите од Ла Лига, Реал Мадрид и Барселона и побарал од нив да ги остават на мира неговите ѕвезди.
Двата гиганта од Ла Лига се големи обожаватели на играта на Цеск Фабрегас, кој ја започна кариерата во Барселона, но на 16 годишна возраст се пресели во Арсенал каде што израсна во лидер на тимот. |