|
Липи : Балотели е иднината на италијанскиот фудбал |
|
Вторник, 02 Март 2010 16:29 |
Марио Балотели можеби и нема да заигра на Светското првенство во Јужна Африка, но селекторот на Италијанската репрезентација Марчело Липи верува дека 19-годишниот играч на Интер е иднината на "Азурите". "Се надевам дека ќе биде одличен во редовите на младата фудбалска репрезентација во среда на дуелот со Унгарија. Во Интер многу работат со тој играч со што тој би бил лидер на тимот во иднина, но и носител и во репрезентацијата" изјави Липи за црномурестиот фудбалер.
Липи притоа ја прокоментира и можноста Амаури да го облече дресот на "Азурите". Бразилецот во редовите на Јувентус во среда ќе добие Италијанско државјанство, а позната е неговата желба да заигра за Италија под водство на Липи а не за Бразил. "За тоа ќе разговараме кога тоа ќе се случи. Тогаш Амаури ќе дојде под мојот радар како и останатите напаѓачи Џузепе Роси, Лука Тони и Алберто Џилардино" заклучи италијанскиот селектор. |