|
Леброн Џејмс го менува бројот на дресот |
|
Вторник, 02 Март 2010 16:41 |
Еден од најдобрите играчи во НБА лигата, Леброн Џејмс и официјално го достави барањето за промена на бројот на дресот. Досегашната дваесет и тројка ќе ја замени со бројот шест. Џејмс промената ја најави уште во ноември во знак на почит кон Мајкл Џордан, најдобриот играч на сите времиња во НБА, кој во Чикаго го носеше токму дресот со број 23.
Иако Леброн Џејмс во новата сезона ќе го носи бројот шест сè уште не се знае во која екипа бидејќи договорот со Кливленд му завршува кон крајот на оваа сезона. Тој во оваа екипа од 2003 година просечно има постигнато по 27,8 поени, седум скокови и седум асистенции. |